петок, 18 октомври 2024

Путин и Лукашенко се потсмеваа со Западот: „За сè е виновен Путин“ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Руската економија добро функционира и покрај западните санкции, кажа Путин во Сочи каде разговараше со Лукашенко кој претходно денес го обвини западот за „парчосување“ на Украина, а неговото министерство за одбрана најави дека ги проверува своето вооружување и опрема.

Санкциите на двете земји им дадоа поттик да се фокусираат на самостојниот развој, кажа Лукашенко и порача дека западните елити погрешно ги идентификуваат причините за своите економски неволји.

„Што се однесува до економиите, им благодарам (на западните земји) што му дадоа таков поттик на нашиот сопствен развој“, кажа Лукашенко.

Путин на тоа се насмевна и климна со глава.

„Тие навистина го потценија тоа читајќи ги сопствените медиуми. Добија инфлација, и вистина е: „Путин е виновен. Путин е виновен за сè“, кажа Лукашенко.

Путин се надоврза и иронично кажа: „Ќе мора со нив сериозно да поразговараме“.

[video:https://youtu.be/9ZKUnwlEeeA autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ