сабота, 27 јули 2024

Путин го разреши врховниот командант на морнарицата

Рускиот претседател Владимир Путин, наводно, го отпуштил врховниот командант на руската морнарица по серијата украински напади врз Црноморската флота.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Весникот „Известија“ поддржан од Кремљ објави дека адмиралот Николај Евменов, кој беше командант на руската морнарица од 3 мај 2019 година, е разрешен и ќе биде заменет од адмиралот Александар Мојсеев.

Евменов сè уште е наведен како командант на морнарицата на веб-страницата на руското Министерство за одбрана, кое нема официјално соопштение.

Новинската агенција Фонтанка од Санкт Петербург објави дека Мојсеев е назначен за „вршител на должноста врховен командант на руската морнарица“ и дека таа функција наскоро ќе стане постојана.

Мојсеев го надгледуваше проширувањето на Црноморската флота во Севастапоље, која ја презеде во 2018 година, а во мај 2019 година беше назначен за командант на Северната флота, каде што некогаш беше инженер во одделот за електронско војување, пишува Њузвик.

Истражувачкиот центар институтот Хадсон за Њузвик изјави дека Украина е „на чекор да елиминира половина од некогаш моќната руска црноморска флота до 2025 година“ и дека „потонала или сериозно оштетила околу 30 отсто од флотата од почетокот на војната“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ