Русија ги надмина европските држави во однос на воените трошоци за време на конфликтот со Украина, изјави Кал пред пратениците во Бундестагот во понеделникот.
Рускиот претседател Владимир Путин „ќе продолжи да ги тестира црвените линии на Западот и дополнително да ја ескалира конфронтацијата“, тврди тој.
„Директната воена конфронтација со НАТО стана опција за Москва“, рече тој, пренесува Раша тудеј.
Путин минатиот месец најави промени во руската нуклеарна доктрина како одговор на потенцијалната ескалација што произлегува од американската воена помош за Украина, која Москва веќе ја гледа како директно учество на НАТО во конфликтот.
Ревизијата доаѓа додека Киев продолжува да ги притиска западните земји да одобрат употреба на оружје испорачано од странство за напади длабоко во руската територија.
Кол тврди дека крајната цел на рускиот лидер е да ги „истурка САД од Европа“ и да го врати НАТО на границите од доцните 1990-ти.
Москва настојува да формира „руска сфера на влијание“ и да воспостави „нов светски поредок“, рече тој.