сабота, 27 јули 2024

Путин: Главната цел на договорот за извоз на украинско жито не е постигната

Објавено на

часот

Сподели

Путин го изјавил ова за време на телефонскиот разговор со јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса.

„Путин нагласи дека обврските наведени во меморандумот меѓу Русија и ОН за отстранување на пречките за извоз на руски прехранбени производи и ѓубрива сѐ уште не се исполнети“, соопшти Кремљ.

Претседателот на Русија рече дека главната цел на договорот не е постигната – испорака на жито до земјите на кои ѝм е потребна, особено во Африка.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, посредникот меѓу Киев и Москва, во петокот рече дека Путин „се согласил“ да го продолжи договорот за украинскиот извоз на жито, но Кремљ негираше дека дал каква било изјава во таа смисла.

Во четвртокот Путин изрази жалење што „ниту едно“ од барањата на Русија не било земено предвид за време на преговорите за продолжување на договорот.

Потпишан во јули 2022 година во Истанбул и веќе двапати обновен, договорот истекува на полноќ во понеделник. Со тој договор минатата година беа извезени 33 милиони тони жито преку украинските пристаништа и покрај конфликтот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ