сабота, 27 јули 2024

Путин: Економските резултати се подобри од очекуваното, сите задачи ќе бидат исполнети

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот Мишустин на средбата рече дека руската економија продолжува да закрепнува и покрај санкциите, бидејќи растот на рускиот БДП за петте месеци од тековната година изнесува 0,6 отсто, пренесува РИА Новости.

Тој посочи дека годишниот раст на рускиот БДП во мај изнесува 5,4 отсто, што го смета за „особено важно“.

Мишустин очекува руската економија годинава да порасне за повеќе од 2,0 отсто, а двигател на овој раст е преработувачката индустрија.

„Инфлацијата во Русија на почетокот на јули беше 3,4 отсто, а експертите сметаат дека годишната инфлација во Русија не треба да надмине 5,0 отсто“, изјави рускиот премиер.

Мишустин објави дека стапката на невработеност во Русија моментално е меѓу 3,1 и 3,2 отсто.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ