сабота, 27 јули 2024

Путин: Целта на руската офанзива во Харковската област е создавање тампон-зона, но не и освојување на градот

Претседателот на Русија Владимир Путин кажа денес дека целта на руската офанзива во Харковската област во Украина е создавање тампон-зона, но не и освојување на истоимениот главен град на таа област.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Путин на новинарите во кинескиот град Харбин, каде е во посета, им кажа дека офанзивата на руските сили на Харковската област е одговор на украинското гаѓање на руската погранична Белгородска област.

„Јавно кажав дека доколку тоа продолжи, ќе бидеме приморани да создадеме безбедносна, санитарна зона“, кажа тој.

Путин оцени дека војската на Русија „секојдневно остварува резултати“ во борбите за Харковската област, дека „напредува според планот“ и дека засега Русија не планира да го заземе Харков.

Москва на 9 мај почна ненадејна офанзива во областа на Харков и веќе освои најмногу територија во последните година и половина.

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека ноќеска се уништени или пресретнати повеќе од 100 украински дронови кои ги нападнале југозападот на руската територија и Кримскиот полуостров.

Министерството наведе дека војската уништила 51 беспилотно летало упатено кон Крим, 44 над регионот Краснодар, шест над Белгородската област и едно над Курската област, како и дека уништила шест автоматски пловила во Црно Море.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ