сабота, 27 јули 2024

Путин: Целта на нападите на енергетскиот систем е да се демилитаризира Украина

Рускиот претседател Владимир Путин кажа дека бомбардирањата на украинската енергетска мрежа, кои доведоа до сè почести прекини на струјата, се дел од остварувањето на руската цел за „демилитаризација на Украина“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тргнуваме од принципот дека на тој начин имаме влијание на воено-индустрискиот комплекс на Украина“, кажа Путин вчера за време на средбата во Кремљ со својот белоруски колега Александар Лукашенко.

Путин додаде и дека тие бомбардирања се одговор на неодамнешните украински напади на енергетската инфраструктура на Русија, особено на рафинериите.

„Во последно време забележавме серија напади на нашите енергетски објекти и бевме обврзани да одговориме“, кажа тој.

Тој истакна дека руската војска не ги гаѓала украинските електрични инсталации во текот на зимата „од хуманитарни причини“.

„Не сакавме без струја да останат социјалните инфраструктури, болниците итн.“, кажа рускиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ