понеделник, 15 април 2024

Путин: Бомбардирањето на Југославија е огромна трагедија; Лавров: ЕУ стана воено-економски додаток на НАТО

Рускиот претседател Владимир Путин кажа денес дека НАТО бомбардирањето од 1999 година е огромна трагедија и акција која може само да се осуди, а дека хипотезите за евентуален поинаков развој на настаните во Југославија, со некоја поинаква влада во Москва, се бескорисни.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Путин во интервју за документарниот филм „Белград“ (на генералниот директор на ТАСС Андреј Кондрашов) наведе дека членките на Алијансата без каква било резолуција на Советот за безбедност на ОН директно ја почнале војната „во самиот центар на Европа“.

Тој во интервјуто ја искоментира и изјавата на претседателот на Србија Александар Вучиќ дека „Путин не би го дозволил НАТО бомбардирањето да беше на местото претседател на Русија во 1999 година“.

„Факт е дека таму, во Југославија, ситуацијата беше поинаква, таму државата беше во состојба на тежок внатрешен конфликт. Затоа е тешко сега да се зборува за тоа. и ми се чини дека нема многу смисла да се шпекулира за тоа“, кажа рускиот претседател.

Путин искоментира дека Вучиќ е „искусен политичар“ и дека мисли дека ќе се сложи со него кога вели дека сето тоа е минато.

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека Москва разбира зошто своевремено Србија го одбрала патот на евроинтеграциите, но додаде дека ЕУ отпосле станала агресивен додаток на НАТО кој сега го притиска Белград.

Лавров во интервјуто за документарниот филм „Белград“ кажа дека Русија никогаш не се противела на пристапувањето на државите во ЕУ, додека таа се развивала како „интеграциско здружение осмислено да ги максимизира компаративните предности на членките“.

„ЕУ сега е прилично агресивна политичка структура, која не така одамна, со потпишувањето на соодветен документ за координација со НАТО, ја изгуби својата геополитичка независност и стана воено-економски додаток на Северноатлантската алијанса“, кажа тој.

Лавров додаде дека Брисел врши притисок на претседателот на Србија Александар Вучиќ да ја признае независноста на Косово и да се придружи на антирускиот став на ЕУ и да ѝ воведе санкции на Москва.

„Што се однесува до Косово, ова е уште еден пример, во втората фаза на косовската драма и трагедија, кој ја покажува неспособноста на Европската Унија да преговара“, кажа рускиот министер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ