сабота, 27 јули 2024

Путин: Безбедносните сили ќе ги најдат налогодавачите на нападот на Крокус

Руските безбедносни сили ќе ги најдат сите налогодавачи на терористичкиот напад на Крокус сити хол, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во терористичката средина повеќе нема доверливи агенти. Тие ќе направат што било за пари, не се водат од никакви верски или политички причини, туку исклучиво од финансиски. Исто така, сè е лесно и на продажба, секоја информација може да се купи или продаде, така што сигурно ќе дојдеме до крајните купувачи“, кажа Путин на проширен состанок со припадници на министерството за внатрешни работи.

Путин истакна дека во моментов се врши сеопфатна проценка на постапувањето на сите служби и стопански организации кои биле надлежни за Крокус сити хол, пренесува РИА Новости. Додаде дека терористите и нивните налогодавачи сакале „да посеат паника и омраза во општеството“ и, како што кажа, одвнатре да ја распарчат мултиетничка Русија.

„Не можеме да им дозволиме тоа да го направат. Неприфатливо е, сакам тоа да го истакнам, неодамнешните трагични настани да се користат за предизвикување национална омраза, ксенофобија, исламофобија, и така натаму“, кажа Путин.

Рускиот претседател оцени дека основата за екстремистичките активности и криминал во многу случаи лежи во нелегалната миграција, додавајќи дека постоечките електронски бази на податоци не се доволни за ублажување на ризикот од нелегална миграција.

„Потребни се современи дигитални електронски бази на биометриски податоци. овие кои сега ги имаме очигледно не се доволни. Тие не ни овозможуваат целосно да ги ублажиме ризиците од нелегалната миграција“, кажа рускиот претседател.

Тој истакна дека Русија „плати висока цена“ и дека е потребно што е можно пообјективно да ја анализираат ситуацијата по терористичкиот напад.

„Важно е безбедноста на јавните места да се крене на ново ниво, во спортските објекти, транспортот, трговските и забавните центри, училиштата, болниците, универзитетите, театрите. Министерството за внатрешни работи е повикано да одигра клучна улога во решавањето на овој проблем“, кажа Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ