сабота, 27 јули 2024

Путин: Белорусија стана нуклеарна сила

Белорусија стана нуклеарна сила откако во земјата со учество на Русија беше изградена белоруската нуклеарна централа, што е сериозен чекор напред во економскиот и технолошкиот развој, изјави претседателот на Русија Владимир Путин, говорејќи на седницата на Врховниот државен совет на Сојузната држава.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во своето обраќање Путин потсети дека со учество на Русија во Белорусија, изградбата на вториот блок на нуклеарната централа „БелАЕС“ е завршена во 2023 година.

„Ова е, се разбира, многу сериозен потег, имајќи предвид дека не само што се гради централа, туку се создава и индустрија. Во оваа смисла Белорусија стана нуклеарна сила и ова е сериозен чекор напред во развојот на економијата, научните области и во технолошкиот развој“, изјави Путин.

Тој додаде дека под надворешен притисок, Русија и Белорусија си помагаат меѓусебно и имаат заеднички пристапи кон глобалните и регионалните проблеми, пренесува Спутник.

„Важно е Русија и Белорусија, во услови на невиден надворешен притисок, тесно да соработуваат на светската сцена и секогаш да си пружаат вистинска сојузничка взаемна поддршка. Пристапите на нашите земји кон актуелните глобални и регионални проблеми се совпаѓаат или се блиски на многу начини“, рече Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ