недела, 20 октомври 2024

Путин бара руски борбени авиони да го придружуваат при посетата на Турција

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека во тек се подготовките претседателот Владимир Путин да ја посети Турција каде што ќе разговара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Песков исто така изрази надеж дека Путин и Ердоган ќе имаат можност да разговараат на маргините на претстојниот самит на БРИКС, што ќе се одржи во рускиот град Казан, пренесува Ројтерс.

Од минатата година рускиот претседател Владимир Путин неколкупати ги одложуваше официјалните посети на Турција.

Официјални лица наведоа различни причини за одложувањата. Некои тврдат дека од почетокот на војната во Украина, Путин избегнува да ги посетува земјите кои не биле дел од Советскиот Сојуз, додека други тоа го припишуваат на одржувањето на руските избори претходно оваа година.

Сепак, извори запознаени со руските ставови за Мидл ист ај изјавија дека условите на Путин за посета на Анкара се главната причина за постојаното одложување.

Имено, според овие извори, Путин сака да дојде во Турција придружуван од руски борбени авиони бидејќи веројатно се плаши дека Украинците би можеле да го соборат неговиот авион.

Дополнителни компликации создава и барањето на Москва Путин при патувањето во придружбата на руските борбени авиони, тие да имаат можност дури и да слетаат на турска територија. Системите за противвоздушна одбрана на НАТО во Турција би можеле да ги перцепираат таквите авиони како потенцијални непријателски цели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ