сабота, 27 јули 2024

Путин: Авионската несреќа во која загина Пригожин е предизвикана од рачна бомба

Рускиот претседател Владимир Путин сугерираше дека авионската несреќа во која во август беше убиен шефот на Вагнер групата Евгениј Пригожин е предизвикана од рачни бомби кои детонирале во авионот, а не од ракетен напад.

Објавено на

часот

Сподели

Приватниот авион „ембраер“ со кој Пригожин патувал за Санкт Петербург се урна северно од Москва, при што загинаа сите 10 луѓе во авионот на 23 август, вклучувајќи уште две водечки личности на Вагнер, четворица телохранители на Пригожин и тричлениот екипаж.

Путин сугерираше дека авионот бил разнесен од внатре, кажувајќи дека шефот на рускиот истражен комитет го информирал пред неколку дена, пренесува Ројтерс.

„Немало надворешно влијание на авионот – тоа е веќе утврден факт“, кажа Путин.

Путин не изнесе повеќе детали за тоа колку гранати и како можеле да бидат детонирани во авионот, но кажа дека мисли дека истражителите згрешиле што не направиле тестови за алкохол и дрога на телата на загинатите во авионот „имајќи предвид дека кокаин во минатото бил најден во канцелариите на Вагнер во Санкт Петербург“.

Истражителите на несреќата допрва треба да го објават извештајот за причината.

Бунтот на Пригожин претставуваше најголем предизвик за владеењето на Путин откако поранешниот разузнавач на КГБ дојде на власт во 1999. Западните дипломати велат дека го разоткрила притисокот врз Русија за време на војната во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ