сабота, 27 јули 2024

Путин: Американците направија грешка. Само ја продолжуваат агонијата на Украина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека САД сѐ повеќе се вклучени во војната во Украина и дека направиле грешка со тоа што им дале ракети со долг дострел АТАКМС. Путин на прес-конференција за време на неговата посета на Кина рече дека му кажал на кинескиот претседател Си Џинпинг „некои детали“ за Украина.

Објавено на

часот

Сподели

Тој рече дека „надворешните фактори“ и „заедничките закани“ служат само за зајакнување на руско-кинеската соработка. Рускиот претседател рече дека одлуката на Вашингтон да ја снабдува Украина со АТАКМС, што Киев ја потврди вчера, „само ја продолжува агонијата“ на Украина.

„Прво, тоа само предизвикува штета и создава дополнителна закана. Второ, се разбира, ќе успееме да ги одвратиме овие напади. Војна е војна. Но, што е најважно, на тоа суштински му недостасуваат капацитет за и малку да ја промени ситуацијата на линијата на контакт. Тоа е уште една грешка на САД“, додаде Путин.

Од почетокот на конфликтот, Украина ги бара системите АТАКМС од САД со цел да ги наруши руските линии на снабдување, да ги нападне воздушните бази и железничката мрежа на окупираната територија.

„Грешка од поголеми размери, која сè уште не е видлива, но е од голема важност, е тоа што САД сѐ повеќе и полично се вклучуваат во конфликтот. И никој да не каже дека немаат ништо со тоа. Ние веруваме дека имаат“, нагласи Путин.

Тој посочи дека е добро што Западот почнал да зборува за потребата да се реши украинската криза по мирен пат, но за ова не даде примери. Русија веќе подолго време вели дека е подготвена да преговара, но само доколку Киев ја прифати „новата реалност“, односно окупацијата на шестина од украинската територија. Киев, од друга страна, инсистира на целосно повлекување на руските сили, вклучително и од Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ