сабота, 27 јули 2024

Путин: Ако Украина со ракети ја напаѓа руската територија, тоа целосно ќе ги уништи руско-германските односи

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин денес ја предупреди Германија дека украинска употреба на нивно оружје за напади на цели во Русија би бил „опасен чекор“ кој би ги „уништил односите“ на Берлин и Москва.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Путин вчера одговараше на прашања на група водечки уредници на меѓународни медиуми.

Тој истакна дека Москва би можела да им обезбеди оружје со долг дострел на други за напади на мети на Западот.

Користењето на оружјето на Западот дадено на Украина за употреба против цели во Русија дополнително ќе ја поткопа меѓународната безбедност и може да доведе до „многу сериозни проблеми“, кажа Путин.

„Тоа би значело нивно директно учество во војната против Руската Федерација, а ние го задржуваме правото да постапиме на ист начин“, додаде Путин.

Германија им се придружи на Соединетите Американски Држави со дозволувањето на Киев да напаѓа одредени цели на руско тло со оружје со долг дострел кое ѝ го испорачува на Украина.

Испораките на германските тенкови на Украина беа шок за многумина во Русија, кажа Путин.

„Ако сега користат ракети за напади на објекти на руска територија, тоа целосно ќе ги уништи руско-германските односи“, кажа рускиот лидер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ