сабота, 27 јули 2024

Путин: Ако ги исполните нашите услови, Русија веднаш се враќа во црноморскиот договор

Објавено на

часот

Сподели

Русија во понеделникот се повлече од таканаречената Црноморска иницијатива за житарки, односно не го продолжи договорот поради тоа што ОН и западните земји не го исполниле делот од договорот кој се однесува на Русија. Иако западните санкции предвидуваат изземање на храната и ѓубривата, Кремљ тврди дека санкциите се насочени и на руски поединци кои се бават со производство на ѓубрива и на руската државна земјоделска банка ѝ го отежнуваат сопствениот извоз.

Москва повеќе пати се закани дека ќе го напушти договорот ако не се укинат санкциите и ако државната земјоделска банка не се прими назад во западниот систем за плаќање СВИФТ.

„Тоа е чиста надменост и дрскост. Празни ветувања. И со тоа само се компромитираат. Нарушен е авторитетот, меѓу другото, на генералниот секретаријат на ОН, кој всушност беше гарант на договорот“, кажа денес Путин.

„Москва покажа чудо од толеранција, постојано до сега го продолжувавме договорот. Западот направи сè за да го наруши договорот“, кажа Путин и додаде дека Русија ја попречуваат во донирањето ѓубрива на најсиромашните земји.

„Продолжувањето на договорот за житарките во формата во која постоеше изгуби секаква смисла. Затоа се противевме на понатамошно продолжување. Мора да се отстранат сите пречки за руските банки, финансиските институции кои помагаат со снабдувањето со храна и ѓубрива. Тоа вклучува и нивна непосредна врска со меѓународниот банкарски систем СВИФТ“, истакна рускиот претседател.

„Не ни требаат ветувања. Треба да ги исполните условите“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ