Се собра народ од Албанија и Македонија, дојдоа гости и од подалеку. Топлото и сончево време и близината на езерото го кренаа расположението.
Атрактивната природа и гостопримливоста на македоноското население во последно време почна да привлекува гости кои не доаѓаат само на минување или за еден ден, туку остануваат подолго уживајќи во чистиот воздух, во прошетки и во кујната на домаќините.
Во деветте населени места на Општината веќе поголем број жители издаваат преноќишта за туристите, се ориентираат кон туризмот и аплицираат за „етно-проекти“.
Регионот на Мала Преспа е населен исклучиво со македонско население, признато како национално малцинство, лојално е на албанската држава и одржува силни врски со Македонија.
П.Џ.