четврток, 9 јануари 2025

Пуштен нов трансформатор во ТС Битола 2, надеж за спас од ценовни шокови на струјата

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска и директорот на АД МЕПСО, Бурим Латифи пуштија во употреба нов 400/110 kV трансформатор кој е инсталиран во трансформаторската станица (ТС) Битола 2.

Објавено на

часот

Сподели

Пуштањето во употреба на новиот 400/110 kV-трансформатор значи многу за овој регион, истакна министерката Божиновска на промотивниот настан во ТС Битола-2.

„Трансформаторот значи многу за овој регион и се надевам дека и останатите проекти навремено ќе бидат извршени. Тоа ќе доведе до сигурно снабдување со електрична енергија во овој и следниот период“, нагласи Божиновска за инвестицијата која претставува клучен чекор во обезбедувањето енергетска стабилност за југозападниот регион на земјата.

Според директорот на АД МЕПСО Бурим Љатифи, инвестицијата е значајна за целиот електроенергетски систем, а компанијата ќе продолжи и со активности на проектот за интерконекција меѓу Битола и Елбасан.

„Со овој трансформатор се гарантира стабилно снабдување со електрична енергија за граѓаните. Трансформаторот е во полна функција. Во наредниот период наш врвен приоритет е проектот за интерконекција меѓу Битола и Елбасан. Раскинувањето на договорот со претходниот изведувач Енергоинвест всушност претставува почеток на овој проект бидејќи тогаш имаше минимални реализирани работи. Во овој период ќе работиме интензивно за изнаоѓање компанија која ќе овозможи успешно поврзување и во побрз рок“, рече меѓу другото Љатифи.

Во изјава за медиумите министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска истакна дека очекува обвинителството да ги истражи јавните набавки во РЕК Битола и законски да постапи.

„Од сознанијата во РЕК Битола има многу јавни набавки на јаглен кои не се направени транспарентно. Да потсетам потрошени беа околу 390 милиони евра за набавка на електрична енергија во периодот 2021-2023 и се надевам дека за тоа ќе биде направена ревизија како во ЕСМ така и во МЕПСО. Сè што било незаконски работено се надевам дека обвинитеството ќе сработи како што треба. Ние ќе се занимаваме да обезбедиме стабилно снабдување на граѓаните и да нема ценовни шокови“, посочи Божиновска.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ