петок, 18 октомври 2024

Пукна браната на „Биогас“ и предизвика помор на риби во Градско

Голем помор на риба и друг жив свет во Вардар кај Градско се случил утрово во 4:30 часот откако пукнала браната на езерцето на Биогасната централа Вардар „Биогас“ во Градско.

Објавено на

часот

Сподели

Даниел Наумоски од ЗСР „Бабуна“ Велес за поморот тој бил рано утрово бил известен од својата рибочуварска служба во Градско која направила увид на терен и увидела дека поморот е предизвикан поради пукање на браната на езерцето на Биогасната централа Вардар „Биогас“ во кое се собираат фекалиите што се користат како репроматеријали за работа на биогасната централа.

„Кога се излеало езерцето, водата со фекелиите поминала под мостот на патот Велес – Градско, оттаму преку нива дирекно во реката Вардар по што е предизвикан поморот“, појасни Наумоски за МИА.

За поморот од Бабуна го известиле градоначалникот на Општината Градско со кој се во контакт и ги координираат активностите во врска со поморот на рибата.

Воедно  од Бабуна го известиле и надлежниот Државен инспектор за животна средина, а кој веќе е на терен и прави увид. Бил известен и локалниот инспектор на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Велес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ