„Водата ја проби браната во резервоарот Киалим, еден од главните извори за вода за пиење за градот Карабаш“, се наведува во соопштението, во Карабаш е прогласена вонредна состојба.
“We’re on the roof. We’re all drowning”
Residents of Kiolim, Mukhametovo, Karasaevo, Baidashevo, Saktaevo settlements of the Karabash urban district, located near the Kialim reservoir, are being prepared for evacuation. There are 200 people in the zone of possible flooding.
The… pic.twitter.com/iyaxQYT8MS
— NEXTA (@nexta_tv) July 26, 2024
Едно село е поплавено, а луѓето се евакуирани од три други населби во Челјабинската област, соопшти кабинетот на претставникот на рускиот претседател во Уралскиот сојузен округ.
Според метеоролошкиот центар во Челјабинск, во четвртокот и вчера се забележани околу 73 милиметри дожд, што е повеќе од просечното месечно количество врнежи. И во следните два дена во таа област се очекуваат обилни врнежи, град и силен ветер.
Out in Chelyabinsk region, where Anna and the boys are, a dam burst “down the road”, close to Karabash. If you want to see why I’m a tad worried….Google Karabash! pic.twitter.com/3n4evl1T2R
— Alan Moore (@DangerKidsBooks) July 26, 2024
Снимките објавени на социјалните мрежи го прикажуваат уништениот дел на браната и водата која се излеала. Една од снимките е на човек кој морал да се спасува на покривот на куќата. Во позадина се гледаат автомобили, куќи и дрвја под вода.
Според извештаите во руските медиуми, четири села се наоѓаат директно на патот на поплавата: Киалим, Мухаметово, Бајдашево и Карасево. Во две локални училишта се поставени привремени засолништа.