сабота, 27 јули 2024

Пукна брана во Русија, во тек е итна евакуација (ВИДЕО)

Во градот Орск, во руската Оренбуршка област, денес пукна брана, поради што е почната евакуација на жителите, соопштија локалните власти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во Орск пукна браната. Во тек е евакуација на жителите на градот кој се наоѓа во зоната на поплавата“, се наведува во соопштението на службите за вонредни ситуации, пренесува ТАСС.

Се додава дека пробивањето на браната се заканува во зоната на поплавата да влезат и до 4.000 куќи во Орск во кои живеат до 10.000 луѓе.

Како што се додава, спасувачите и општинските служби работат на зајакнување на браната. Надлежните служби одат од врата до врата за сите загрозени жители да се евакуираат од зоната на можната поплава во центри за привремено сместување.

Во градот се огласиле сирените на цивилната заштита.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ