сабота, 27 јули 2024

Пукање во Чикаго: Осум лица повредени, седумгодишно девојче им подлегна на повредите

Осум лица беа застрелани, меѓу кои три деца, вклучително и седумгодишно девојче кое им подлегна на повредите, во пресметка поврзана со ривалство на локалните банди во јужниот дел на Чикаго, соопшти денеска полицијата.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Девојчето синоќа било застрелано во главата и им подлегнало на повредите, додека едногодишно и седумгодишно момче биле застрелани повеќекратно и се во критична состојба, изјави заменик-началникот на чикашката полиција Дон Џером на брифингот со новинарите одржан на местото на пресметката на 52-та улица во јужниот дел на градот, пренесува Асошиејтед прес.

„Полицијата одговорила на пријава за пукање околу 21:00 часот, но кога стигнала на местото на настанот ги затекнала само лицата кои биле застрелани, меѓу кои освен три деца, имаше и возрасни на возраст од 19 до 40 години“, изјави Џером.

Повредените, кои случајно  се нашле на местото на крвавата пресметка поради семеен собир, биле пренесени во локалните болници.

Според Џером, истрагата сѐ уште е во прелиминарна фаза, но очевидци изјавија дека пукале две лица.

„Ова не беше случаен чин на насилство, туку се чини дека е поврзан со ривалските банди. Без разлика на мотивите за ова пукање, вечерва беа повредени три невини деца, а едно од нив им подлегна на повредите“, рече Џером.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ