недела, 20 октомври 2024

Пукање во фабриката на Мерцедес во Германија: Две лица се убиени, напаѓачот е уапсен

Објавено на

часот

Сподели

Од обвинителството посочија дека истрагата се води под претпоставка дека се работи за еден сторител и дека не се инволвирани лица надвор од фабриката. Првите повици во полиција пристигнале нешто пред осум часот наутро, а полициската акција сѐ уште трае.

Полицијата не била веднаш достапна за дополнителни коментари, пренесува Ројтерс. Едно лице е уапсено во врска со пукањето, а спасувачите се на лице место во фабриката 56 во градот Зинделфинген, во покраината Баден-Виртемберг. Билд пишува дека во таа фабрика се склопува моделот С-класа.

Подоцна беше објавено дека 53-годишен маж влегол во производствената хала и отворил оган, пукајќи во двајца 44-годишни мажи. Едната од жртвите починала на местото на несреќата, а другата подоцна во болница. Никој друг не е повреден. Обезбедувањето го привело осомничениот и го предала на полицијата која без отпор го привела, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил околу 7:45 часот по локално време. „Длабоко сме шокирани и тажни од утринската трагична вест од Зинделфинген. Нашите мисли се со жртвите, нивните семејства и сите колеги на местото на настанот“, се вели во соопштението на Мерцедес-Бенц. Компанијата соопшти дека луѓето вклучени во пукањето биле ангажирани од надворешен давател на услуги.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ