сабота, 27 јули 2024

Пукање пред синагога во САД на почетокот на Ханука: Напаѓачот извикувал „Слободна Палестина“

Полицијата уапси 28-годишен маж кој отвори оган пред синагога во Олбани, главниот град на сојузната држава Њујорк во Соединетите Американски Држави (САД), соопштија американските власти, додавајќи дека нема повредени.

Објавено на

часот

Сподели

Нападот се случил синоќа, на почетокот на еврејскиот празник Ханука.

Гувернерката Кети Хочул рече дека вооружениот напаѓач се заканувал додека пукал.

Медиумите пренесоа дека уапсениот извикувал „Слободна Палестина“.

Уапсениот е жител на Олбани, главниот град на американската сојузна држава Њујорк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ