„Во овој инцидент трагично се загубени четири животи, а многумина се повредени“, изјави началникот на полицијата Џереми Џеј Буркет.
Некои од жртвите и понатаму се во критична состојба, рече Буркет за време на вчерашната прес-конференција.
„Ве молиме разберете дека ситуацијата може да се промени многу брзо. Постојано пристигнуваат нови информации кои апсолутно се обидуваме да ги потврдиме и да ги најдеме сите што беа таму“, рече Буркет.
Four dead at 16th birthday party shooting in US https://t.co/EV1PIXBaRp
— BBC News (World) (@BBCWorld) April 17, 2023
Тој нагласи и дека сѐ уште разговараат со сведоци и се обидуваат да соберат информации за пукањето. Полицијата сѐ уште не соопштува детали за осомничениот или мотивот за нападот.
Од 15-те тинејџери кои биле пренесени во болница, на шестмина им била укажана помош и се пуштени, изјави портпаролката на болницата Хајди Смит. Останатите девет се пренесени во други здравствени установи. Пет од нив се во критична состојба.
Дадевил е рурален град кој се наоѓа во округот Талапуси, во источна Алабама. Има население од само 3200 луѓе.
Бен Хејнс, свештеник на Првата баптистичка црква во Дадевил, рече дека членови на семејството му кажале дека пукањето избило во мал простор каде што се одржувала роденденската забава. Според него, на роденденската забава имало повеќе од 50 луѓе кога се случило пукањето.