сабота, 27 јули 2024

Пукале со пиштол од БМВ, полицијата ги приведе

Објавено на

часот

Сподели

Полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода А.Р.(20) и А.И.(20) двајцата од Битола кои биле со патничко моторно возило БМВх5 со битолски регистарски ознаки,  поради добиена пријава околу 7 часот дека А.И. пукал на ул.Цане Василев. При преглед во возилото биле пронајдени и одземени пиштол и девет куршуми. Нема повредени лица, а на местото на настанот биле пронајдени и подигнати две чаури. Известен бил кавен обвинител и по целосно расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ