сабота, 27 јули 2024

Пукал на семејна веселба во Штип, па завршил во станица

Во полициската станица Штип во четвртокот бил извршен службен разговор со Б.Ј. од Штип, полициски службеник постапувајќи по претходна пријава дека ноќта на 30 мај 2024 при семејна веселба, пукал од службеното огнено оружје.

Објавено на

часот

Сподели

За настанот биле известени Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и јавен обвинител, по чија наредба од домот на Б.Ј. бил одземен пиштол и пиштолска муниција калибар 9 мм.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ