сабота, 15 март 2025

Пуцко петрол и СДСМ го труеле народот, преку тендери од над 180 милиони евра за 7 години, вели Стојаноски

Пуцко петрол и СДС го труеле народот, преку тендери од над 180 милиони евра за 7 години. 180 милиони евра завршиле само на сметката на Пуцко петрол, без притоа да се пресметаат 167 милиони евра за мазутот кој преку РКМ е испорачан до ЕСМ, т.е. РЕК Битола и ТЕЦ Неготино, реагира на прес-конференција Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

„Доколку се погледне целата сума се доаѓа до обрт од над 350 милиони евра кои СДС им ги овозможила на Пуцко петрол, Јахоски и РКМ. Имено, Асмир Јахоски, Пуцко петрол, од СДС како централна и локална власт за 7 години добил над 180 милиони евра во тендери. Пуцко петрол 30 години имал статус на бела мечка во македонското општество, дозволено му било преку тендери да внесува што сака и како сака. Сега, во време на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се стави крај на неговото криминогено однесување. И СДС, освен да молчи и да стои со наведната глава, нема право буква една да изусти. Затоа што криминалите ги правел во нивно време и тие го толерирале, нивниот судско обвинителски систем му ги намалува сега мерките за обезбедување присуство. Тоа е истиот систем кој СДС го брани, а почива на погрешните кадри во Судскиот совет. СДС свесно го толерирале Пуцко петрол. И овозможиле Пуцко петрол и РКМ во набавка на мазут да свртат стотици милиони евра, за што главна асистенција им правел директорот на ЕСМ во бегство, Васко Ковачевски“, вели Стојаноски.

Тој додава дека Пуцко петрол и Асмир Јахоски беспрекорно функционираат на државните тендери додека СДСМ владее и во значаен дел од тендерите тие се и единствен понудувач.

„Разработената шема на Пуцко Петрол и СДС ги чини граѓаните и живот. Секогаш кога ќе помислиме на загаден воздух, тука е Пуцко петрол и РКМ да не потсетат зошто е тоа така, но и кој е причината, која не смее да се повтори“, додава Стојаноски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ