петок, 18 октомври 2024
Лига на шампиони

ПСЖ убедлив против Милан, Дортмунд го совлада Њукасл во Англија (ВИДЕО)

ПСЖ со убедливи 3-0 го победи Милан, а во истата група Борусија Дортмунд со 1-0 славеше на гостувањето кај Њукасл, Црвена звезда загуби кај Лајпциг со 3-1.
 

Објавено на

часот

Сподели

ПСЖ се искачи на врвот на табелата во групата на смртта откако со 3-0 го совлада Милан во Париз.

Килијан Мбапе со одличен погодок во 32. минута донесе водство за францускиот шампион.

По осум минути игра во вториот дел Коло Муани постигна гол за 2-0, а конечните 3-0 беа дело на Ли Канг Ин.

Борусија Дортмунд со гол на Нмека во самиот финиш од првиот дел го победи Њукасл на негов терен со 1-0.

Во финишот од натпреварот Њукасл двапати ја погоди пречката, но не успеа никако да постигне гол и да избегне пораз.

Црвена звезда со 3-1 загуби на гостувањето кај Лајпциг.

Раум уште во 12. минута донесе водство на германскиот клуб, а Симонс во 59. зголеми на 2-0.

Стамениќ во 70. минута ја врати Црвена звезда во мечот, но сите дилеми околу победникот беа решени во 84. минута кога Олмо даде гол за конечни 3-1.

Интересно беше во Глазгов каде Селтик и Атлетико Мадрид одиграа 2-2.

Фурухаши уште во четвртата минута даде гол за водство на Селтик од 1-0.

Во 25. минута Гризман шутираше пенал, топката се одби од стативата, повторно дојде до него и тој погоди за израмнување на 1-1.

Три минути подоцна Селтик го врати водството со гол на Палма, а по осум минути игра во вториот дел Алваро Мората даде гол за конечни 2-2.

Манчестер Сити со 3-1 славеше кај Јанг бојс, Халанд даде два гола, еднаш погоди Акањи за европскиот шампион.

Порто со 4-1 славеше кај Антверпен, домаќините водеа по првиот дел, но примија четири гола во второто полувреме.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ