понеделник, 21 октомври 2024
Одбива трансфер во Саудиска Арабија

ПСЖ прифати понуда од 300 милиони евра, но Мбапе не сака ниту да разговара со Арапите!

Објавено на

часот

Сподели

Ал Хилал на ПСЖ му понуди 300 милиони евра за трансфер на Килијан Мбапе па „светците“ без двоумење го прифатија предлогот и дадоа дозвола да преговараат со напаѓачот.

Делегација од Саудиска Арабија е во Париз за да го комплетира трансферот на Малком во Ал Хилал вреден 60 милиони евра, и Арапите ја користат оваа прилика да го убедат Килијан Мбапе да прифати плата д 200 милиони евра по сезона (која со спонзорски договори може да достигне неверојатни 700 милиони евра) и двегодишна соработка.

Но како што пренесува Л’екип, Килијан Мбапе не само што нема намера да се пресели во Ал Хилал, одбива да седне на разговори со делегацијата од Саудиска Арабија.

Неговиот план е јасен, сака да го напушти ПСЖ следното лето како слободен играч. Се верува дека тој веќе има договор со Реал Мадрид за преселба на „Бернабеу“ во 2024 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ