понеделник, 21 октомври 2024
Потребна е рекордна сума

ПСЖ преку мајката на Мбапе го информирал Реал Мадрид колку треба да плати за трансфер на напаѓачот

Објавено на

часот

Сподели

Килијан Мбапе ја одработува последната година од договорот, се верува дека Французинот веќе има дил со Реал Мадрид да се пресели на „Бернабеу“ во 2024, па ПСЖ прави сериозен притисок да го продаде до крајот на летото.

Но и покрај тоа што на „светците“ им гори под нозе, тие не се откажуваат од идејата дебело да наплатат од продажба на напаѓачот.

Како што пренесува Марка, ПСЖ преку мајката на Килијан Мбапе го известиле Реал Мадрид дека е потребна рекордна сума, односно околу 250 милиони евра за реализирање на трансфер.

Сега на потег се „кралевите“, а како што додава Марка, доколку падне договор за трансфер приближен до оваа сума, сите пари нема да завршат во касата на ПСЖ и „светците“ ќе мора да го компензираат играчот за богатите бонуси и платата која му следува за последната година од договорот, како и тоа што нема да ја добие премијата од 130 милиони евра за потпис со Реал доколку беспари пристигне во Мадрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ