среда, 2 октомври 2024

ПСЖ повторно потфрли на голем натпревар во ЛШ, нов пораз на Милан (ВИДЕО)

Арсенал со 2-0 го доби дербито на вечерта против ПСЖ, Баер Леверкузен со минимални 1-0 славеше во пресметката против Милан.

Објавено на

часот

Сподели

Дербито на вечерта во Лигата на шампиони се играше во Лондон, Арсенал го пречека ПСЖ, а „светците“ уште еднаш потфрлија на голем натпревар и загубија со 2-0

Хаверц со глава ја затресе мрежата на гостите за водство од 1-0 во 20. минута, а Сака ја дуплираше предноста во 35. минута, една нафрлена топка од прекин заврши во мрежата и покрај тоа што никој не ја допре.

Во Леверкузен, домаќинот Баер со 1-0 ја доби пресметката против Милан.

Единствениот погодок на мечот беше постигнат на стартот од второто полувреме кога по една одлична акција на домаќините, Мењан го одбрани ударот на Фримпонг, но Бонифејс прв стигна до освоената топка и ја затресе празната мрежа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ