„Светците“ кројат стратегија како да се справат со Килијан Мбапе, кој со писмо ги извести дека нема да ја активира опцијата за продолжување на договорот до јуни 2025 година.
Опцијата е активна до 31. јули, ПСЖ се надева дека напаѓачот ќе се пишмани, но во исто време се изготвуваат неколку сценарија.
Најлошто е Килијан Мбапе да не стави потпис на нов договор и да одбие да направи трансфер, ова ќе има сериозни финансиски последици врз клубот, па за да се избегне ваква ситуација, Насер Ал Келаифи и неговите соработници се подготвени да извршат сериозен притисок.
Како што пишува Атлетик, една од идеите е Килијан Мбапе да биде седнат на клупа и да не игра доколку одбие да ја продолжи соработката и да замине во летниот преоден рок.