недела, 20 октомври 2024
Го молат да не си оди беспари

ПСЖ му пишал на Мбапе: Ќе треба да продаваме фудбалери, да отпуштаме луѓе… ќе упропастиш се што изградивме!

Објавено на

часот

Сподели

Килијан Мбапе во вторникот имал средба со Насер Ал Келаифи и како што пренесуваат медиумите, напаѓачот уште еднаш го повторил својот став, не сака да ја продолжи соработката ниту пак да направи трансфер ова лето, сака само да си ја одработи последната година од договорот.

Ова е најлошото сценарио за ПСЖ, не само што ќе треба оваа сезона да му исплатат огромна сума (околу 180 милиони евра на име бонуси за потпис, бонуси за лојалност и плата), нема да инкасираат ништо од неговата продажба.

Како што пренесува Л’Екип, на почетокот од август, „светците“ му испратиле ново писмо на Килијан Мбапе и му ги објасниле финансиските последици врз клубот доколку тој реши беспари да замине.

ПСЖ му се пожалил на Килијан Мбапе дека ќе треба да продава фудбалери, да се ревидира политиката за интеграција на младите играчи од академијата во првиот тим како и да има серија на отпуштања и да бидат избркани најголемиот дел од вработените.

„Ќе се упропасти се она што го изградивме изминативе години“ – завршува писмото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ