Килијан Мбапе ги одработува последните шест месеци од договорот со ПСЖ, има одврзани раце да потпише со друг клуб, но се чини дека фудбалската јавност уште некое време ќе биде во низвеснот кога е во прашање иднината на Французинот.
Новинарот Даниел Риоло вели дека Килијан Мбапе има шанси да потпише историски договор доколку се реши да остане во Париз.
Тој предлогот го опишува како „му ги ветуваат и пирамидите во Египет“ и открива дека се работи за сума далеку над 100 милиони евра по сезона. Ќе има поволности и за братот на Килијан Мбапе, за семејството, дури и за агенцијата која сака да ја основа неговата мајка.
Даниел Риоло додава дека Реал Мадрид не може ниту приближно да му даде, односно „кралевите“ се подготвени да одвојат само 30 милиони евра по сезона.