Светците“ до овој момент потрошија околу 110 милиони евра на ангажман на Мануел Угарте и Лукас Ернандез, планот е да се потроши уште речиси двојно повеќе до крајот на преодниот рок.
Ле Паризиен објави дека ПСЖ на располагање има 200 милиони евра за засилување на нападот.
Приоритет е Бернардо Силва од Манчестер Сити, кој покрај тоа што игра како крило, се снаоѓа на уште неколку позиции во средниот ред. Португалецот му е добро познат на спортскиот директор Луис Кампос, кој има зелено светло и од тренерот Луис Енрике за реализирање на трансферот.
Планот е Бернардо Силва да игра по десната крилна позиција, Килијан Мбапе да биде лево крило, а во форот расен голгетер, прва желба за оваа позиција е Хари Кејн од Тотнем.
Насер Ал Келаифи отпатува во Лондон на средба со агентите на напаѓачот за да опипа терен, и зделката воопшто не е лесна. Се верува деак Хари Кејн преферира преселба во Баерн Минхен, а и Тотнем во овој момент одбива да го продаде Англичанецот.
Планот Б е Виктор Осимен од Наполи, а како трета опција се посочува Гонсало Рамос од Бенфика