„Светците“ го официјализираа отказот на Кристоф Галтие, стратегот издржа само една сезона на жешкото столче на „Паркот на принцовите“.
Мала утеха ќе му биде милионската компензација, медиумите пренесуваат дека Кристоф Галтие и неговите помошници ќе добијат 9-10 милиони евра за раскин на договорите.
Се очекува во скоро време Луис Енрике да биде именуван за нов тренер на ПСЖ.