недела, 20 октомври 2024
Испратена јасна порака

ПСЖ го промовираше Луис Енрике а топ тема беше Мбапе, Ал Келаифи порача: Невозможно е тоа да се случи

Објавено на

часот

Сподели

Луис Енрике ќе седне на жешкото столче на „Паркот на Принцовите“, стратегот од Шпанија стави потпис до 2025 година и попладнево беше промовиран како нов тренер на ПСЖ.

„Среќен сум што потпишав со ПСЖ, сакам да му се заблагодарам на претседателот и на спортскиот директор за укажаната доверба, се надевам дека ќе им се оддолжам во следните сезони“ – рече Луис Енрике.

Сосема очекувано, една од топ темите беше иднината на Килијан Мбапе, кој одби да ја активира клазулата за продолжување на соработката за уште една година.

„Работите се менуваат од ден во ден, не можам да ви кажам што се дискутира приватно, знам само дека имаме силен состав. Кога потпишав, знаев дека одредени прашање се отворени. Нешто ќе се случи на трансфер пазарот“ – порача стратегот.

Првиот човек на клубот, Насер Ал Келаифи пак испрати јасна порака.

„Нашата позиција е јасна. Доколку Килијан Мбапе сака да остане, и ние го сакаме тоа. Но невозможно е да дозволиме еден од најдобрите фудбалери во светот да замине беспари“ – вели претседателот на „светците“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ