сабота, 27 јули 2024

ПСЖ е пресилен за Пелистер, уште еден пораз за битолскиот тим во ЛШ

11 натпревар и исто толку порази за Пелистер во Лигата на шампионите, македонскиот шампион денеска загуби во Битола од ПСЖ со убедливи 31-24.

Објавено на

часот

Сподели

Салата „Боро Чурлевски“ уште еднаш беше исполнета со надеж за први бодови на Пелистер во Лигата на шампионите, но чудо не се случи. ПСЖ е пресилен за битолскиот тим и тоа го покажа на теренот.

Раул Гонзалез го извади најсилниот состав за почеток на мечот, па на ПСЖ му требаа само неколку минути игра за да покаже кој е кој на овој меч. Францускиот тим влезе фуриозно во мечот и за кратко време беше 5-1. Пелистер се мачеше да парира, негативата се зголемуваше, на полувремето беше 15-9 за гостите.

По паузата на полувремето работите беа поинакви, ПСЖ ја тргна педалата од гас откако го реши прашањето за победникот, па Пелистер изгледаше рамноправно. Конечниот резултат беше 31-25.

За Пелистер на овој меч дебитираше Дејан Манасков кој постигна три гола, а по толку реализираа и Борзаш, Ѓроговски, Пешевски и Радивојевиќ, најефикасен кај ПСЖ беше Шипжак со седум голови, Соле постигна шест.

Следниот меч на Пелистер од Лигата на шампионите е на гостински терен кај Кил, тој дуел се игра на 22. февруари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ