За помош на семејствата на повредените во пожарот во Кочани, сите граѓаните можат да отворат на sos-smestaj.com – Централизирани информации за помош на семејствата на повредените во пожарот во Кочани.
Црвениот крст соопшти дека се отворени телефонски линии за донации од Македонски телеком и А1 Македонија 143 400 (донација од 100 денари од телефонски повик).
Помош понудија и психолози.
Здружението на преведувачи и толкувачи на Македонија нуди бесплатен превод и судски превод на медицинската документација за настраданите во трагедијата во Кочани што ќе се лекуваат во странство. Доколку е потребно, доволно е само јасно да ги сликате документите и да ги испратите на 078 484 384 или [email protected] и да го наведете јазикот.
Од Здружението „Нова политичка емиграција на македонските Бугари“, во Софија информираат дека со цел да обезбедат поддршка за сите засегнати, обезбедени се следниве телефонски броеви за контакт, кои ќе бидат активни од 21 часот по македонско време, +359886007837, +359886007767 и +359886007197.
Во Белград, во овие тешки мигови за семејствата на повредените на располагање, кои се лекуваат таму, 24/7 можат да се обратат на Марија Видикова – 00381638773388 , Бобан Самарџиски – 00381 63 344 244, и Милан – +381 65 8222 888.
Помош понудија и од Хоиландија за 4 лица сместување, храна, превод и се што им е потребно на фамилиите на децата префрлени во специјализираната болница за изгореници, на само на два часа (источно) од Бевервијк, во Девентер.
За роднините и семејствата на децата кои се хоспитализирани во Солун, помош може да побараат од Викторија Бујисиќ, докторка, +306945307938 viber/whats up.
Информација за сместување во Софија и во Пловдив