недела, 16 март 2025

Првпат по 70 години Њукасл освои голем трофеј во Англија

Њукасл со 2-1 го победи Ливерпул во финалето од англискиот Лига Куп и по седум децении конечно освои трофеј.

Објавено на

часот

Сподели

Големиот пост конечно заврши, Њукасл освои трофеј по цели 70 години.

Резултатот во денешното финале беше отворен пред самиот крај на првото полувреме кога Брн постигна гол за водство на Њукасл од 1-0.

По седум минути игра во вториот дел Исак зголеми на 2-0 и ја најави победата.

Ливерпул успеа да даде гол преку Киеза во 94. минута, имаше уште 5-6 минути за да изедначи, но не успеа да го направи тоа.

Радоста на Њукасл за големиот успех можеше да почне.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ