сабота, 27 јули 2024

Првомајски игри во Стојаково, трки со магариња, скокање со вреќи, а и пензионерите се тркаа како до први

По повод Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај и годинава во Стојаково се одржаа традиционалните Првомајски трки. Учесниците се натпреваруваа во трка со коњи, трка со магариња, „работничка трка” со колички, скокање во вреќи, трка со велосипеди, борба на рака…, а годинава пензионерите трчаа под мотото „како да се издржи со пензијата од први до први“.

Објавено на

часот

Сподели

На манифестацијата присуствуваа градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов, министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова и дополнителниот министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

Игрите се одржуваат во организација на Советот на месната заедница од Стојаково, под покровителство на Општина Богданци.

Во Стојаково оваа манифестација се одржува од 1951 година и веќе 73 години е заштитен белег на жителите од ова место.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ