петок, 25 октомври 2024

Прво во автомобил им бил најден кокаин, потоа и дома co вага за мерење

Кај две лица од гостиварското село Форино полицијата пронајде кокаин, а потоа во домот на едниот од нив бил пронајден исто така кокаин, како и вага за мерење на дрогата.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 17.30 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишиле од слобода Г.А.(48) и У.И.(54) двајцата од с.Форино, гостиварско. При преглед во патничко возило марка фолксваген фокс со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал Г.А., а сопатник бил У.И., бил пронајден кокаин.

Подоцна, во 23.50 часот, со судска наредба, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар извршиле претрес во домот на У.И. во с.Форино, при што биле пронајдени кокаин и дигитална вага. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави“, информира СВР Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ