сабота, 27 јули 2024

Прво изненадување на Ролан Гарос, елиминиран е шестиот носител

Андреј Рубљов го заврши настапот на Ролан Гарос откако во три сета загуби од Италијанецот Матео Арналди.

Објавено на

часот

Сподели

Рубљов како шести носител беше огромен фаворит против Арналди, но Италијанецот победи и тоа во три сета.

Најнеизвесно беше во првиот сет кој Арналди го доби во тајбрејк со 8-6. Во следните два победи со 6-2 и 6-4.

За разлика од Рубљов, Синер без проблеми ја заврши својата обврска, тој го совлада Котов во три сета, сите со идентични 6-4.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ