четврток, 12 септември 2024

Прво издание на Куп на Македонија во билијард

Билијард федерацијата го организира првиот настан насловен како „Куп на Македонија во билијард“ кој ќе се игра на 31 август и 1 септември воо Скопје, при што заложбите се настанот да премине во традиција и редовно да биде во овој термин, односно блиску до Денот на независноста на државата.

Објавено на

часот

Сподели

На програмата ќе биде популарната дисциплина „деветка“, а натпреварувачкиот костур ќе биде дефиниран според правилата за елиминација врз база на два пораза.

Домаќин е билијард клубот „Гран Клуб“, а натпреварите почнуваат од 9 часот наутро (во сабота), додека финалето е в недела од 21 часот. Право на настап ќе имаат сите играчи, од А и Б дивизијата, но и оние кои досега не биле членови на клуб и не се дел од федерацијата, при што е битно само да се државјани на Македонија.

Се очекува дека ќе има околу 100 учесници од 15 града, за кои федерацијата обезбеди и солиден награден фонд, но и пехари и медали за најдобрите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ