сабота, 27 јули 2024

Прво инаугурација на Сиљановска за претседател, па конституирање на Собранието, па нова влада

Претседателот на државата е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието, мандатот за состав на Владата да му го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во парламентот.

Објавено на

часот

Сподели

Мандаторот, пак, во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на владата. Владата, по предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

По официјализирањето на изборните резултати, најдоцна на 12 мај треба да биде свикана собраниска седница за инаугурација на новоизбраната претседателка Гордана Сиљановска Давкова. Таа пред пратениците од стариот состав треба да даде свечена изјава, по која и ќе почне нејзиниот мандат.

Мандатот на новиот собраниски состав што беше избран на вчерашните парламентарни избори почнува на конститутивната седница на Собранието. Според одредбите од Уставот, новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори.

Седниците за инаугурација на новиот претседател и за конституирање на новиот собраниски состав треба да ги свика актуелниот претседател на Собранието, Јован Митрески.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ