сабота, 27 јули 2024

Првите 40 дена од екстрадицискиот притвор на Палевски завршуваат на 7 февруари

На 7 февруари завршуваат 40 дена од екстрадицискиот притвор одреден од турските власти лани на 29 декември за Љупчо Палевски-Палчо, кој во Македонија е осомничен за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски. Во затворот во Баликесир во Турција Палевски може да биде задржан најмногу една година.

Објавено на

часот

Сподели

По истекот на првите 40 дена, турските власти можат да му одредат уште 40 дена привремен притвор. Македонското Министерство за правда сè уште не добило одговор од Турција на барањето за екстрадиција на Палевски испратено на 7 декември.

Палевски во Турција беше приведен на 5 декември откако македонските власти распишаа меѓународна потерница како осомничен за две кривични дела – грабнување и две убиства на свиреп начин.

Неофицијално во февруари министерот за правда Кренар Лога во Турција со својот турски колега ќе разговара за побрза екстрадиција на Љупчо Палевски Палчо.

Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски беа пријавени за исчезнати на 27 и на 24 ноември, а беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес на 3 декември. Предистрагата утврди дека и двајцата биле грабнати, врзани и потоа застрелани. Мотивот, според надлежните, е „користољубие“.

Во моментов во притвор се таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, потоа Велибор Манев, Влатко Кешишов, Боре Видевски и Стефан Димковски. Палевски е осомничен дека е планер, организатор и реализатор на грабнувањето и на убиствата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ