сабота, 27 јули 2024

Првиот вицепремиер Груби не верува дека законите за коридорите ќе паднат на Уставен суд

Објавено на

часот

Сподели

Тој нагласи дека законското решение им овозможува на работниците со претходна писмена согласност да работата прекувремено и да бидат платени.

„Нема да паднат на Уставен суд. Не верувам дека ќе паднат. Не гледам причина зошто би имало иницијатива до судот затоа што никаде во законите не се споменува спорната бројка од 60 работни часови. Се координира целата работа со правната служба во Владата, со Законодавно-правната комисија, со сите експерти што ги има Владата, и министерствата и Министерството за труд и социјална политика, така што нема апсолутна никаква причина ниту да се оспори, ниту да се разгледува, претпоставувам од Уставниот суд. Всушност, законското решение предвидува дека работниците можат да работат прекувремено што можат и сега, но за тоа ќе треба да дадат писмена согласност дека прифаќаат да работат прекувремено и за тоа мора да им се плати“, изјави Груби.

Првиот потпретседател на Владата и министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Груби, заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми, денеска присуствуваа во околината на Тетово, по повод почетокот на работите за изградба на Коридорот 8.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ