сабота, 27 јули 2024

Првиот случај на силување во војна стигна пред украински суд

Објавено на

часот

Сподели

Обвинителството на регионот Киев го почна првото судење за кривично дело сексуално насилство за време на војна. Обвинението е против рускиот државјанин Михаил Романов од 239-от полк на 90-та гардиска тенковска дивизија Витебск-Новгород за кршење на законите или обичаите на војната, објави украинската главна обвинителка Ирина Венедиктова.

Истрагата откри дека Романов во март, напиен, провалил во приватна оддалечена куќа во окупираната област Бровари и го застрелал сопственикот. Потоа, тој и неколку руски војници повеќепати ја силувале сопругата на жртвата. 

Според Венедиктова, насилниците ѝ се заканувале на жената со оружје и со насилство врз нејзиниот мал син, кој бил присутен на местото на настанот.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ