сабота, 27 јули 2024

Првиот човек на војската ги предупреди Британците: Ако избие војна со Русите, бидете спремни да служите

Луѓето во Британија треба да бидат спремни да служат војска во случај на војна со Русија, предупреди шефот на британската војска. Генералот Патрик Сандерс ги повика британските власти „да ја мобилизираат нацијата“ за да се подготви за војна со Русија, во говор на Меѓународната изложба на оклопни возила во Лондон.

Објавено на

часот

Сподели

Иако не поддржува регрутација, Сандерс ја истакна потребата за придвижување во свеста на британската јавност за таа психички да се подготви за воен конфликт со Русија. Сандерс во говорот ги повтори сличните повици на други западни воени лидери и највисоки одбранбени функционери, кои сметаат дека постои ризик од избивање на голема војна меѓу Русија и НАТО.

По инвазијата на Украина, власта на рускиот претседател Владимир Путин ја засили својата воинствена реторика против соседните земји, оценува Политико. Според бриселскиот портал, руските функционери во своите настапи често ги спомнуваат балтичките земји, кои се членки на западниот воен пакт.

Минатата недела германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека руски напад на НАТО е „можен за пет до осум години“. Холандскиот адмирал Роб Бауер, висок функционер на НАТО, претходно изјави дека воениот блок се соочува „со најопасен свет во последните децении“ и повика на „воена трансформација на НАТО“.

НАТО ги поттикнува европските земји да ги зголемат своите трошоци за војските. Полска оваа година ќе потроши повеќе од 4 отсто од БДП на одбраната, додека Германија минатата година ја ревидираше својата воена и стратегиска доктрина за прв пат од 2011 со цел Бундесверот да го трансформира во војска способна за војување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ