сабота, 21 декември 2024

Првиот брод со емигранти од Италија патува кон Албанија

Бродот Либра на италијанската морнарица се упатил кон Албанија, за да ја донесе првата група емигранти во центрите формирани во Албанија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Емигрантите се спасени на море и денес се одведени во два италијански емигрантски центри во Албанија, каде нивните барања за азил ќе бидат обработени по забрзана постапка“, изјавиле извори за агенцијата АНСА.

Емигрантските центри во Шенѓин и Ѓадер на северот на Албанија станаа оперативни минатата недела, пренесува Танјуг.

Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедози најави во саботата дека првите емигранти ќе стигнат оваа недела, но истакна дека нема да има свечено отворање на центрите.

Додаде дека центрите во Албанија ќе бидат слични на оние во Италија, со „благ режим“.

„Нема бодликава жица, има здравствена заштита“, истакна тој.

Со центрите целосно ќе управува италијанската влада која ја плати нивната изградба.

Врз основа на протоколот кој го потпиша премиерката Џорџа Мелони со албанскиот колега Еди Рама, барателите на азил во рок од четири недели ќе добијат одговор – ако одговорот биде позитивен, ќе бидат префрлени во прифатни центри во Италија. Во спротивно ќе бидат вратени во нивната земја на потекло.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ